Европската ракометна федерација објави дека околу половина од билетите за претстојното ЕП 2024 во Германија веќе се продадени или резервирани.
Повеќе од 200.000 билети (45% oд вкупната бројка) веќе се кај љубителите на ракометот, а најголем интерес имаше за отворањето на ЕП во Диселдорф и завршниот викенд во Келн.
На првиот ден на ЕП, 10 јануари, на „Меркур Арена“ во Диселдорф, ќе има исторски натпревари од групата на Македонија, на кои треба да има повеќе од 50.000 гледачи.
Нашата репрезентација од 18:00 часот ќе игра против олимпискиот првак Франција, а потоа од 20:30 ќе се соочат Германија и Швајцарија.
Билети за овие два меча нема, барем од оние дневните, а ќе видиме дали дополнително ќе бидат пуштени во продажба поединични билети.
ЕХФ најави дека на 13 септември ќе продолжи продажбата на поединечни билети за натпреварите за кои федерациите нема да го искористата за купување целиот контингент на билети.