Денеска во Виена, во седиштето на Европската ракометна федерација, беше извршена ждрепката за првата фаза од квалификациите за СП 2025.
Во првата фаза ќе играат десет селекции во бараж средби, наместо како досега на квалификациски турнири.
Овие натпревари се на програмата во ноември годинава, а победниците од овие пет средби ќе им се придружат на Литванија, Украина и Белгија во првиот дел од втората фаза квалификации.
Македонија е директно пласирана во вториот дел од втората фаза, што значи дека ќе игра само еден бараж за СП 2025. Ждрепката ќе биде на претпоследниот ден од ЕП 2024 година.
Мундијалот во 2025 година ќе се игра во Данска, Хрватска и Норвешка од 8 до 26 јануари.
Европски квалификации за СП 2025:
прва фаза (30.10-05.11.2023) – бараж средби (10 репрезентации)
втора фаза – прв дел (11.03-17.03.2024) – бараж средби (8 репрезентации)
прв шешир: Литванија, Украина, Белгија + еден победник од првата фаза
втор шешир: четири победници од првата фаза
втора фаза – втор дел (06.05-12.05.2024) – бараж средби (22 репрезентации)
прв шешир: 3-13 место на ЕП 2024 со исклучок на Данска, Хрватска, Норвешка, Франција
втор шешир: 14-24 место на ЕП 2024 со исклучок на Данска, Хрватска, Норвешка, Франција + четири победници од втора фаза/прв дел
Учесници на ЕП 2024 што досега немаат обезбедно пласман на СП 2025: Шведска, Шпанија, Германија, Унгарија, Исланд, Словенија, Португалија, Полска, Холандија, Србија, Црна Гора, Чешка, Македонија, Австрија, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Фарски Острови и Грузија
Олеснет патот до нов Мундијал: Македонија ќе игра само еден бараж за СП 2025 година!