Кадетите отвораат со Норвешка, следи ден пауза, па уште две мундијалски битки

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Светското првенство во Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ го завршија првиот дел од подготовките во Маврово и сега следува втората фаза која ќе заврши со пријателските средби со Унгарија на гостински терен.

Кадетите ќе играат во Ријека, во групата Ф, а натпреварите од групната рунда ќе почнат на 2 август.

Најпрво е пресметката со селекцијата на Норвешка, па веднаш следува ден пауза. Потоа на 4 и на 5 август се двобоите со Црна Гора и Грузија.

Најдобрите две селекции продолжуваат во главната рунда.

СП кадети Хрватска, распоред на натпревари:

2 август, 17:30, Македонија – Норвешка
4 август, 19:30, Македонија – Црна Гора
5 август, 17:30, Македонија – Грузија