Женската репрезентација на Македонија ќе го промени својот дом во пресрет на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Првиот домашен натпревар против селекцијата на Азербејџан од квалификациите, ќе биде одигран на 11 октомври во СЦ „Јане Сандански“.
Досегашниот дом на РФМ за машката и женската репрезентација, СЦ „Борис Трајковски“ нема да биде отворен за спортски натпревари одредено време, па мораше да се најде друга алтернатива.
Дамите ќе треба да одиграат уште два домашни меча од квалификациите за ЕП. Двобојот против Шпанија е на 28 февруари, додека на 7 април е пресметката со Литванија.
Машка репрезентација нема да има официјален натпревар на домашен терен до мај 2024 година, односно до баражот за СП 2025, а претходно ќе игра на Европското првенство во Германија.