Како што најави 24Ракомет, еден од најдобрите суперлигашки стрелци, Давор Шокоски, е нов ракометар на Скопје.
Шокоски освен на позицијата лев бек, одлично се снаоѓа и како организатор на играта, па така тимот на Скопје ќе има широка опција во нападот.
Прилепчанецот се обврза на договор од две сезони со новиот клуб, а ова ќе му биде камбек во престолнината каде играше за Бутел Скопје и Металург РА.
Скопје направи промена на тренерската позиција, и како што е веќе познато, наследник на Горан Кузманоски ќе биде неговиот сограѓанин Оливер Димитриоски.
Играчкиот кадар допрва ќе биде засилен, а под водство на Димитриоски, тимот ќе има што да покаже во суперлигашката конкуренција, која се очекува да биде понеизвесна од изминатата сезона.
Еден од најдобрите суперлигашки стрелци е блиску до трансфер во Скопје