Хрватскиот шампион Загреб пред извесен период ги дозна ривалите за новата сезона од Лигата на шампионите.
Загреб во изминатата сезона не успеа да ја мине групната фаза, но за новата сезона има поголеми амбиции.
Тимот од Хрватска во групната фаза во Лигата на шампионите за ривали ги доби екипите на Еурофарм Пелистер, ПСЖ, Келце, Алборг, Колстад, ПИК Сегед и Елверум.
Еден од најквалитетните играчи во тимот на „плинарите“ екс членот на Вардар, Тимур Дибиров, кој за изминатата сезона беше избран за најдобро лево крило од ЕХФ, даде свое видување за групата на својата екипа.
,,Најважно е да играме во Лигата на шампионите и да имаме свои шанси. Ждрепката беше тешка, сите екипи, освен Колстад, се добро познати. Верувам дека добро ќе се подготвиме, дека засилени ќе влеземе во сезоната, која е долга и ни отвора многу можности, кои ги видовме минатата година. Треба да бидеме подготвени за предизвиците, иако дефинитивно не сме фаворити”, изјави Дибиров.
Од Загреб се огласија околу буџетот: Ни требаат 5 милиони евра, а имаме само…