Македонија има претставник на кадетското ЕП во ракомет на плажа

Во турскиот град Измир од денеска па до 2 јули ќе се одржува кадетското Европско првенство во ракомет на плажа.

Измир ќе биде домаќин на 30 селекции, 15 во машка и 15 во женска конкуренција, кои ќе се борат за трофејот.

Македонија ќе има свој претставник на ова првенство меѓу официјалните лица, а тоа е Гордана Ѓорѓеска.

Ѓорѓеска на првиот ден веќе имаше две делегирања, беше делегат на мечот меѓу Унгарија и Шведска кај дамите, како и на дуелот меѓу Португалија и Унгарија кај момците.