Организаторите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ги објавија деталите за претстојното осмо издание во август.
Од 24 до 28 август на турнирот ќе играат шест македонски и две странски екипи поделени во две групи.
Во групата 1 ќе играат Прилеп, Скопје, Струга и српскиот тим Дубочица од Лесковац, кој минатата сезона го освои трофејот.
Во групата 2 ќе бидат Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Мулти Есенс и финскиот тим Рихимаки Кокс.