Јан Чувара заминува од Вардар

Полскиот репрезентативец Јан Чувара не е повеќе член на Вардар. На левото крило му заврши двегодишниот договор и нема да му биде продолжен.

Според „ТВП Спорт“ и изјавата на Чувара најпрво му била понудена нова соработка за следната сезона, но потоа раководството на „црвено-црниот“ ја променило својата одлука.

Тој одигра две сезони во Вардар, настапуваше во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига и остави одличен впечаток.

Чувара се наоѓа во процес на рехабилитација откако во финишот на минатата сезона ги повреди лигаментите на коленото.

Настапите во Вардар беа првото интернационално искуство за левото крило од Полска, кое во татковината ги носеше дресовите на Заглебје Лубин и Горњик Забже.