Македонската судиска двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски го добија првото делегирање на младинскиот Мундијал.
Нашите арбитри ќе ја делат правдата на мечот меѓу Фарски Острови и Ангола во салата на европскиот првак Магдебург – „Гетек Арена“.
Од денеска па до 2 јули во Хановер, Берлин и Магдебург во Германија, како и во Атина во јужниот сосед на Македонија ќе се игра СП.
32 селекции од целиот свет ќе се борат за одличја, а вторпат во историјата на ова натпреварување домаќини се две земји.
Единствени претставници на Македонија се Божиновски и Начевски.