Екипата на Плзен, во која настапува интернационалецот од Македонија, Никола Костески, за следната сезона ќе биде посилна со десниот бек Maрко Чурчиќ и повратникот во екипата, голманот Леонард Каплан.
Чурчиќ редовите на новиот шампион на Чешка ќе ги засили од екипата на Рамат Хашарон, каде што играше две сезони.
Хрватскиот интернационалец во својата кариера настапуваше и за неколку второлигаши од Франција.
Плзен во изминатата сезона ја освои дуплата круна во Чешка, додека на европска сцена, поточно во Европскиот Куп стигна до осминафинале.