Екипите на Алкалоид и Коњух ќе играат во финалето на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, откако во полуфиналето беа подобри од Бутел Скопје, односно Еурофарм Пелистер.
Алкалоид во полуфиналето против Бутел Скопје славеше со 27:16 и тимот од Автокоманда моментално останува единствената непоразена екипа на турнирот.
Босанскиот претставник Коњух го доби полуфиналниот дуел против Еурофарм Пелистер со 34:28.
За трето место на турнирот ќе играат екипите на Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер, а Голден Арт и Аеродром ќе се борат за петто место.
Распоред на натпревари:
Група А: Бутел Скопје, Голден Арт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Коњух, Алкалоид, Аеродром
Четврток, 15 јуни
Бутел – Голден Арт 33:29
Коњух – Алкалоид 27:30
Еурофарм Пелистер – Бутел 38:20
Аеродром – Алкалоид 21:48
Петок, 16 јуни
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21:35
Коњух – Аеродром 32:7
полуфинале
Еурофарм Пелистер – Коњух 28:34
Алкалоид – Бутел Скопје 27:16
Сабота, 17 јуни
16:00, А3 – Б3 натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:00, Финале