Познати се полуфиналните парови на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Екипите на Алкалоид, Коњух, Бутел Скопје и Еурофар Пелистер обезбедија пласман во полуфиналето на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“.

Во денешните дуели, тимот на Голден Арт загуби од Еурофарм Пелистер со 35:21, додека босанскиот претставник Коњух одигра како на тренинг со Аеродром и го совлада со 25 гола разлика, 32:7.

Еурофарм Пелистер и Коњух ќе играат во првото полуфинале, кое ќе започне со почеток од 18:00 часот.

Второто полуфинале го сочинуваат екипите на Алкалоид и Бутел Скопје. Овој дуел е закажан за 20:00 часот.

Распоред на натпревари:

Група А: Бутел Скопје, Голден Арт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Коњух, Алкалоид, Аеродром

Четврток, 15 јуни

Бутел – Голден Арт 33:29
Коњух – Алкалоид 27:30
Еурофарм Пелистер – Бутел 38:20
Аеродром – Алкалоид 21:48

Петок, 16 јуни

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21:35
Коњух – Аеродром 32:7

полуфинале
18:00, Еурофарм Пелистер – Коњух
20:00, Алкалоид – Бутел Скопје

Сабота, 17 јуни

16:00, А3 – Б3 натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:00, Финале