Турнир „Марко Божиновски“: Бутел Скопје и Алкалоид тргнаа со победа

Денес со натпреварот меѓу Бутел Скопје и Голден Арт стартуваше второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е во организација на фондацијата „Марко Божиновски“ и кој се игра во чест на прерано починатиот млад ракометар.

На првите одиграни натпревари, победа остварија екипите на Бутел Скопје и Алкалоид, кои беа подобри од Голден Арт, односно Коњух.

Бутел Скопје против Голден Арт славеше со 33:29 (17:13), додека Алкалоид го надигра босанскиот претставник Коњух со 30:27 (14:12).

Свеченото отворање на турнирот е предвидено за денес, со почеток од 17:30 часот, по што ќе следуваат уште два натпревари во вечерните термини. На утрешната програма ќе има по еден дуел од првата и втората група.

Распоред на натпревари:

Група А: Бутел Скопје, Голден Арт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Коњух, Алкалоид, Аеродром

Четврток, 15 јуни

Бутел – Голден Арт 33:29
Коњух – Алкалоид 27:30
Еурофарм Пелистер – Бутел
Аеродром – Алкалоид

Петок, 16 јуни

10:00, Голден Арт – Еурофарм Пелистер
12:00, Коњух – Аеродром

полуфинале
17:30, А1-Б2
19:30, Б1-А2

Сабота, 17 јуни

10:00, А3 – Б3 натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:00, Финале