Шест екипи на турнирот во чест на Марко Божиновски, познат и распоредот на натпревари

Шест екипи поделени во две групи ќе играат на второто издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, што се игра во чест на прерано починатиот македонски репрезентативец.

На отвореното игралиште „Марко Божиновски“, ќе настапат Бутел, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Аеродром, Алкалоид и гостите од Босна, Коњух.

Веќе е познат и распоредот на натпреварите. На 15 и 16 јуни ќе се играат натпреварите по групи.

На 16 јуни се и полуфиналните средби, а на 17 натпреварите за пласман, финалето ќе започне од 20:00 часот.

Распоред на натпревари:

Група А: Бутел Скопје, Голден Арт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Коњух, Алкалоид, Аеродром

Четврток, 15 јуни

10:00, Бутел – Голден Арт
12:00, Коњух – Алкалоид
17:30, Еурофарм Пелистер – Бутел
19:30, Аеродром – Алкалоид

Петок, 16 јуни

10:00, Голден Арт – Еурофарм Пелистер
12:00, Коњух – Аеродром

полуфинале
17:30, А1-Б2
19:30, Б1-А2

Сабота, 17 јуни

10:00, А3 – Б3 натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:00, Финале