Кадетската репрезентативка на Македонија, Дона Маркоска, е првото засилување во тимот на Пелистер за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Охриѓанката во редовите на Пелистер ќе пристигне од ракометната школа на Сани и во новата сезона ќе го има својот деби настап во единствената сениорска конкуренција кај дамите.
Маркоска настапува на голманската позиција и сигурно ќе биде квалитетно засилување во битолскиот тим, со оглед на тоа дека има репрезентативно искуство.
Младата ракометарка настапи на Светското првенство за кадетки, на кое Македонија минатата година беше домаќин.
Првото засилување на Пелистер беше и во комбинација за настап на ЕХФ шампионатот во Литванија.
До почетокот на новата сезона се очекува да пристигнат уште неколку засилувања во Пелистер, по што ќе биде познат играчкиот ростер на тимот.