Тимот на Охрид, кој во следната сезона ќе влезе со нов стручен штаб и со изменет играчки кадар, се раздели со уште двајца од интернационалците.
Станува збор за тандемот организатори на играта – Црногорецот Владан Кастратовиќ и Србинот Јакша Вјештица.
Кастратовиќ дојде минатото лето, но вториот дел од сезоната го мина како позајмен во тимот на Куманово, каде имаше одлични партии.
Вјештица, пак, дојде како негова замена од составот на Радовиш, но не добиваше премногу минутажа и шанса за настап.
Охрид го договори Стевче Алушовски за нов тренер, а нови играчи се голманите Даниел Ѓорѓески и Берин Бркиќ, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски, дефанзивецот Милорад Кукоски, како и левите бекови Рудолф Шафранко и Теимураз Орјоникидзе.