Екипата на Ловќен, која во оваа сезона ја врати шампионската титула во свои раце, не ја продолжи соработката со довчерашниот тренер Влатко Ѓоновиќ.
Двете страни во минатата сезона се договорија на едногодишна соработка, па така секој ќе продолжи по својот пат.
Тренерот од Бар во периодот од 2018 до 2021 година го предводеше рускиот суперлигаш Астраханочка од Астрахан.
Ѓоновиќ беше предводник и на Кишварда од Унгарија, а работеше и во стручниот штаб на Будуќност.
Со екипата од Подгорица во сезона 2011/12 и 2014/15 ја освои титулата во Лигата на шампионите.