Тимот на Јехона од Гостивар, по турнирот во женска кадетска конкуренција минатиот викенд, успешно организираше ист таков во машка кадетска конкуренција.
Во финалето, домаќинот Јехона беше подобар со 36-32 од тимот на Вардар Неготино, додека во битката за третото место со ист резултат Куманово славеше против Аеродром.
Претходно во полуфиналето, Јехона го совлада Аеродром со 44-42, додека неготинци беа поуспешни од Куманово со резултат 31-26.
За МВП на турнирот, односно најкорисен играч беше прогласен Ерлис Селмани од Јехона, додека најдобар стрелец е Новица Михајлоски исто така од редовите на домаќинот. За најдобар голман беше прогласен членот на Вардар Неготино, Иван Младенов.