Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, откако си замина од кормилото на македонскиот шампион се пресели во Јапонија.
Данецот беше назначен за нов предводник на Тојота Аутободи и со неговите избраници одлично си ја сработи задачата.
Тимот на Валтер успеа по седум годишен пост да го врати Куп трофејот во своите витрини.
Не е познато дали Валтер ќе го продолжи својот тренерски ангажман во Азија, но според постигнатото, би требало да остане тренер во Тојота Аутободи.