Поранешниот македонски шампион и актуелен освојувач на Куп трофејот во Македонија, тимот на Вардар, го договори и петтото засилување за следната натпреварувачка сезона.
Според информациите на 24Ракомет, станува збор за левиот бек Ансер Родригез, кој има 21 година и беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак.
Родригес беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80%. Неговата репрезентација славеше во финалето против Кипар со 28-18.
Тој на 18 години од Куба се пресели во Португалија и играше за Спортинг Лисабон, со кој дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и Брага.
За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола. По стилот на игра наликува на неговиот идол Реине Табоада, кој пред две сезони настапуваше за Еурофарм Пелистер. Со ангажманот на Родригез, Вардар добива ол-раунд играч, кој покрај обврските на левата бековска позиција, може да игра и како лево крило и среден бек.
Вардарци во следната сезона ги очекува борба на два фронта – во Европа и на домашна сцена, а можеби и во СЕХА лигата, бидејќи раководството на оваа конкуренција има право да го покани клубот, иако беше на трето место во домашното првенство.
Скопјани досега се засилија со неколку ракометари ракометари, со левото крило Марко Срдановиќ, левиот бек Стефан Петриќ и Милтон Нело, а блиску до договор е и пивотменот Владимир Врањеш. Костурот на тимот од сезонава останува, и со новите засилувања и оние што се дополнително се пласираат екипата ќе има повеќе можности за ротација и различни опции за играње.