?????

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТРЕНЕР

Првпат редакцијата на 24ракомет организира избор на најдобриот тим на сезоната во женска конкуренција во Македонија. Ќе можете да гласате за најдобрите седум ракометарки по позиции, како и за најдобра млада ракометарка, одбранбен играч и тренер. Во првиот избор во женска конкуренција се вклучени читателите и редакцијата на 24Ракомет.

Откако успешно го спроведовме по петти пат изборот на All – Star Team во машка конкуренција во првенството на Македонија, редакцијата на 24Ракомет како единствен специјализиран спортски портал во Македонија посветен на ракометот реши да организира и избор на најдобриот тим на сезоната и во женска конкуренција. Повторно изборот го правиме во соработка со нашите пријатели од Mozzart .

Во гласањето ќе бидат вклучени публиката преку онлајн гласање, и редакцијата на 24Ракомет. На тој начин ќе ги одбереме најдобрите ракометарки за натпреварувачката сезона 2022/23.

Покрај седумте позиции – голман, лево и десно крило, лев, среден и десен бек, пивот, ќе избираме и тренер на сезоната во Женската лига, како и најдобар дефанзивец и млада ракометарка.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ВО НЕДЕЛА, 11 JУНИ 2023 

Номинирани се по три ракометарки на секоја позиција од кои ќе биде избрана најдобрата.

Читателите ќе може да гласаат за една од трите ракометарки. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 3,2,1, според освоеното место, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – 3 (најдобар), 2 (второпласиран), 1 (третопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за трите понудени ракометарки по приципот 3, 2, 1. На крај ќе се направи вкупен збир од двата сегменти (публика/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА:

Симе Симовски (Ѓорче Петров) – Една и пол сезона успешно го води амбициозниот клуб, двапати по ред со неговите избранички дојде до титулите во домашниот шампионат, но и до историски успех сезонава на европска сцена.

Александар Царчев (Вардар) – Одлично го водеше вардаровиот тим, кој изминатата сезона заврши зад трите најдобри екипи и успешно им го пренесува своето знаење на младите вардарки. 

Славиша Димитријески (Куманово) – Беше промовиран како главен тренер пред почетокот на плеј-оф фазата и го врати Куманово на победничките патеки. Иако Куманово не успеа да го освои првото место, со освоениот трофеј во Купот, покажа дека има победнички дух.

Гласајте на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022-2023 ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)