Тимот на Тиквеш ќе бара нов десен бек, откако српскиот интернационалец Лазар Петровиќ ќе се пресели во Кувајт.
Десниот бек во новата натпреварувачка сезона 2023/24 ќе го носи дресот на амбициозниот Ал Салмија.
Клубот од Кувајт преку социјалните мрежи ја потврди соработката со младиот ракометар, кој во изминатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во тимот од Кавадарци.
Петровиќ имаше голем улога за освоеното, четврто место на Тиквеш и пласманот на европска сцена.
Србинот дел од својата кариера ја мина во редовите на Охрид, а го носеше дресот и на Раднички, Партизан, Црвена Ѕвезда, Локомотива Лапово и Ваберг од Шведска.