Довчерашниот капитен на Прилеп, Давор Шокоски, е многу блиску до трансфер во тимот на Скопје пред стартот на новата сезона.
Прилепчанецот, кој настапува на позицијата лев бек, во изминатите две сезони беше меѓу најдобрите стрелци во својот матичен клуб.
Шокоски освен на позицијата лев бек, одлично се снаоѓа и како организатор на играта, па така тимот на Скопје ќе има широка опција во нападот.
Скопје направи промена на тренерската позиција, и како што е веќе познато, наследник на Горан Кузманоски ќе биде неговиот сограѓанин Оливер Димитриоски.
Играчкиот кадар допрва ќе биде засилен, а под водство на Димитриоски, тимот ќе има што да покаже во суперлигашката конкуренција, која се очекува да биде понеизвесна од изминатата сезона.