Тимот што победува, не се менува: Кисум во Битола уште една сезона

Новиот македонски шампион ќе го задржи данскиот интернационалец Каспер Кисум во Еурофарм Пелистер најмалку уште една сезона. Како што соопштуваат од клубот Кисум кој настапува на левата и централна бековска позиција треба да биде додадена вредност за битолчани во Лигата на шампионите.

Од македонскиот шампион потврдуваат дека ракометарот кој даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната останува уште една сезона.

Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи да го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија. 30-годишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната, посебно во натпреварите од плеј-офот на Суперлигата.

Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во Македонија. Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули.

 

Еурофарм Пелистер со потписот на Кисум започнува да го гради тимот кој следната сезона ќе ги брани боите на Македонија во елитната Лига на шампиони. Досега од новите ракометни имиња во клубот е потврден словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте кој ќе го менува Усама Хосни на десната бековска позиција .