Тимот на ЖРК Вардар во следната сезона нема да игра во Европскиот Куп, откако раководството на клубот донесе одлука да не ја пријави екипата.
Иако имаше обезбедено пласман во третото по ранг европско клупско натпреварување, сепак втора сезона по ред вардарки нема да играат во Европа.
Тимот што е двократен освојувач на сребро и трикратен освојувач на бронза во Лигата на шампионите, по настапите во елитната конкуренција, се обиде уште еднаш во Европа пред две сезони и стигна до третото коло од Европскиот Куп.
Минатата сезона, избраничките на Александар Царчев стигнаа до четвртото место во Женската лига, но одиграа одлично на завршниот турнир во Купот на Македонија и по триумфот над шампионот Ѓорче Петров, минимално загубија од Куманово во финалето.
Македонија во Европскиот Куп ќе ја претставуваат шампионот Ѓорче Петров, Чаир и освојувачот на Куп трофејот Куманово.