Јанеска повторно одлична, Коњалти се избори за мајсторка против турскиот првак

Двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, заедно со екипата на Коњалти се изборија за мајсторка против Кастамону, откако израмнија на 2-2 во финалната серија од турскиот шампионат.

Коњалти на свој терен успеа да го надигра актуелниот турски шампион со 33:31, со што победникот за оваа сезона во најквалитетното натпреварување во Турција ќе се одлучува на 10 јуни.

Јанеска беше меѓу најефикасните на теренот, имаше седум постигнати погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки. На претходниот дуел, на кој исто така Коњалти стигна до победа, Јанеска постигна 12 погодоци.

Кружниот напаѓач Ивана Гакидова на денешниот дуел имаше две реализации во мрежата на гостинките.

Домаќин на последниот дуел од финалната серија е биде тимот на Кастамону.