Поранешниот репрезентативец на Шпанија, кружниот напаѓач Хулен Агинагалде во неделата го одигра последниот натпревар во својата богата кариера, која беше проследена со многу успеси.
Некогашниот бедем во одбраната на „црвената фурија“ во текот на 2020 година од Келце се врати во Бидасоа, клуб во кој ја започна и заврши кариерата.
За 40-годишниот ракометар дуелот против Пуенти Хенил беше последен во играчката кариера, бидејќи официјално замина во играчка пензија и се прости од симпатизерите на неговиот матичен клуб.
Агинагалде најголемиот клупски успех го постигна во сезона 2015/16 кога со Келце ја освои Лигата на шампионите.
По натпреварот со Пуенте Хенил, беше повлечен од употреба бројот 13 кој го носеше искусниот ракометар.