По Марко Срдановиќ и Стефан Петриќ, тимот на Вардар е на добар пат да го добие третото засилување пред стартот на новата сезона во која ќе има голем предизвик.
Поранешниот босански репрезентативен кружен напаѓач Владимир Врањеш се наоѓа на списокот на потенцијални засилувања за „црвено-црниот“ тим за наредната сезона, дознава 24Ракомет.
Врањеш во овој момент настапува за португалска Бенфика, која за разлика од лани, сезонава не игра на високо ниво и беше елиминирана од Лигата на Европа во раната фаза, а не успеа со Порто и Спортинг Лисабон да се избори за првите две позиции во португалскиот шампионат.
Босанскиот пивот потекнува од Борац Бања Лука, беше дел од Адемар Леон, потоа од ПИК Сегед и Татабања, а пред да замине во Бенфика, две сезони го носеше дресот на Мешков Брест со кој играше во Лигата на шампионите.
Вардар оваа сезона ги имаше на располагање Стојанче Стоилов, Стефан Атанасовски, Михаил Аларов и Милан Лазаревски на пивотменската позиција, а активен договор од сите нив имаaт Аларов, ЛАзаревски и Атанасовски.