Голден Арт ги продолжи договорите со тренерот Глигоров и уште четири играчи

Откако го освои 9. место во Супер лигата, и беше прв на табелата во плејаутот, тимот на Голден Арт веќе почна да прави планови за следната сезона. Целта е да се биде стабилен суперлигаш, да се искористи секоја шанса што ќе се укаже и да се промовираат што повеќе млади играчи од сопствените редови.

Скопскиот клуб е единствен машки колектив сезонава што имаше три екипи во сите младински категроии што играа на Ф4 турнирите. Младинците беа шампиони, пионерите вице-шампиони а акдетите беа четврѕопласирани.

Управата на клубот го продолжи договорот со Владимир Глигоров кој дојде две кола откако почна пролетниот дел од сезоната и ќе го предводи сениорскиот тим на Голден Арт и следната 2023/2024. Тој успеа да го стабилизира тимот и на крај да го освои 9. место што е најголем клупски успех досега.

Покрај Глигоров, нови договори со клубот потпишаа и повотменот Давид Даев, бекот Христијан Милошевски, крилото Мице Шилегов и голманот Златко Даскаловски. Клубот најави дека ќе регрутира некои помлади ракометари од вториот тим и ќе им даде шанса за докажување, а истовремено се работи и на пополнување на дефицитарните места з акои се смета дека треба да се има поквалиттени засилувања.

Вчера клубот со заедничка вечер на сите тимови, ги испрати четворицата играчи на кои им завршуваат договорите, и симболично ја прослави најуспешната клупска сезона.

Голден Арт со овации и „фрлање во воздух“ се разделија со четворица играчи