По Даниел Ѓорѓески, тимот на Охрид го промовираше и второто голманско име за наредната сезона.
Станува збор за босанскиот репрезентативен голман Берин Бркиќ, кој има 19 години (190/82) и доаѓа од екипата на Борац Бања Лука.
Бркиќ е дел од сите младински репрезентативни категории на БиХ, а се најде и на поширокиот список за сениорската репрезентација.
„Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има стварно добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победи“, изјави Берин.
Претходно охриѓани ги промовираа бековите Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.