Прилеп „прави тим“ – го купија Никола Цветановски од Струга

Еден од најдобрите стрелци на тимота на Струга, левиот бек Никола Цветановски, се наоѓа пред преселба во екипата на Прилеп, дознава 24Ракомет.

Стружанецот во прилепскиот тим би требало да биде замена за довчерашниот капитен Давор Шокоски, кој си замина од матичниот клуб.

Тимот од Прилеп за новата сезона се подготвува да се вмеша во борба за плеј-офот, но сака да собере што е можно повеќе помлади играчи кои би биле основа и за следните години во Супер лигата. Тие веќе отсега се „фатија за работа“ и сакаат во новата сезона да влезат со што подобар тим и што побрзо да го направат.

Цветановски кој сезонава имаше забележителна улога за Струга во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор и Голден Арт.

Прилеп за новата сезона го ангажираше кружниот напаѓач Томче Трајчевски од Радовиш, додека од клубот освен Шокоски си замина и грузискиот интернационалец Мириани Гавашелишви.