Поранешниот тренер на Вардар, Металург, Пролет…објави дека заминува од тимот на Ал Мудар од Саудиска Арабија.
Црногорецот беше осум месеци на кормилото на овој тим и го водеше на неофицијалното светско клупско првенство Супер Глоуб.
Тој се прости на социјалните мрежи од Ал Мудар и од лето ќе го чека нов предизвик во богатата кариера.
Освен трите македонски тима, Кастратовиќ ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ, Ел Џаиш, а беше селектор на машките селекции на Иран и Црна Гора, како и на женската селекција на Македонија.