Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Со последното 14 коло завршија разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, веќе се знае шампионот, а во последното коло беа решени и другите дилеми.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 14. коло од плеј-оф/аут.
Meѓу номинираните има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер, како и по еден од Вардар Неготино, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје и Струга.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 21-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 35-26
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ 28-25
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 24-17
СКОПЈЕ – РАДОВИШ 35-31
ВАРДАР НЕГОТИНО – КУМАНОВО 35-30
СТРУГА – ЈУНИОР КВ 27-25
ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ 31-25
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Со 14 одбрани и само 17 примени погодоци беше еден од најзаслужните за триумфот над Охрид.
Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило постигна шест погодоци против Тиквеш.
Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Левиот бек се враќа по повредата на терен и беше најдобар поединец со 13 гола против Пролет.
Среден бек: Петар Бугариновиќ (Струга) – Српскиот плејмејкер пружи одлична партија и со седум гола беше најдобар стрелец против Јуниор КВ.
Десен бек: Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино) – Десниот бек постигна 11 погодоци против Куманово во клучниот меч сезонава.
Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Десното крило постигна најмногу погодоци за битолскиот тим во мечот кога се славеше титулата.
Пивот: Антонио Бурчески (Прилеп) – Кружниот напаѓач на Прилеп постигна пет гола во триумфот против Голден Арт.