Еурофарм Пелистер 2 останува без Стоилевски и Јовановски

Тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој играше во плеј-офот оваа сезона во суперлигашкото друштво се раздели со двајца ракометари.

На крајот од оваа сезона битолскиот клуб го напуштија десното крило Никола Стоилевски и голманот Мартин Јовановски.

Јовановски по камбекот од Германија ги бранеше боите на матичниот клуб, додека Стоилевски четири сезони беше во Битола по трансферот од Бутел Скопје.

Составот на Александар Зарков ја заврши сезоната на седмото место во плеј-офот со биланс од три победи и 11 порази.