Интернационалката од Бразил, Андреза Алмеида, која во Македонија мина една и пол сезона, емотивно се збогува од поранешниот македонски шампион Куманово.
Алмеида во Куманово дојде во текот на месец февруари минатата година и веднаш стана една од најдобрите стрелци во Женската лига.
Во Македонија го стекна првото интернационално искуство, кое и овозможи голем напредок во нејзината кариера.
Бразилката тимот на Куманово го водеше до освојување на Куп трофејот во оваа сезона, но и до вицешампионското место во единствената женска конкуренција во Македонија.
Таа во Купот на Македонија го доби признанието за најкорисен играч на турнирот, односно МВП и за најдобар стрелец.