Звонко Шундовски беше на клупата на Пелистер Кометал пред 18 години, кога беше освоена титула во Суперлигата, а беше дел од стручниот штаб заедно со Александар Јовиќ и при новата титула.
Шундовски вели дека макотрпно работеа тој и неговиот стручен штаб, како и играчите, за да стигнат до главната цел.
„18 години е долг временски период од последното славје во Битола во 2005 година. Континуирано 3-4 години сериозно се вложува во овој клуб. Досега немаше некои забележителни резултати. Јас и Александар Јовиќ бевме повикани, ја знаевме ситуацијата во клубот, знаевме дека има квалитет и дека екипата може да ја освои шампионската титула. Со макотрпна работа во овие три месеци успеавме да дојдеме до целта, за Пелистер, за градот, за Битола и да ја израдуваме оваа прекрасна публика која заслужува да има титули во континуитет. Чувството сега и пред 18 години е шампионско. Спортистот работи за да постигне резултати, а круната е титулата. Приоритет на клубот беше да се врати титулата во Битола“, вели Шундовски.
Пелистерци во оваа сезона го одбранија трофејот во Супер купот, додека во Купот на Македонија беа поразени во финалето од Вардар.
Битолчани во новата сезона ќе играат во Лигата на шампионите и на своите фанови ќе им овозможат да гледаат екипи од европскиот крем.
БИТОЛЧАНИ ОД БАЛКОНИ ГИ ПОЗДРАВИЈА НОВИТЕ ШАМПИОНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)