Денес во Македонија ќе започне последното коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Како што е веќе познато, тимот на Еурофарм Пелистер е нов шампион на Македонија, додека неизвесно е дали Вардра ќе остане на 2. позиција, бидејќи има само бод повеќе од амбициозниот Алкалоид.
Освен Вардар и Алаклоид, место во Европа обезбеди и тимот на Тиквеш, кој во претходното коло ремизираше со ,,црвено-црните”.
Со почеток од 18:00 часот ќе се одиграат два дуели од плеј-оф фазата. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 пред својата публика ќе го пречекаат тимот на Пролет и ќе се обидат со победа да ја завршат натпреварувачката сезона, во која не успеаја да го повторат ланскиот успех.
Бутел во спортската сала „Андон Димитров“ силите ќе ги одмери со тимот на Охрид. Бутелци со евентуална победа би направиле напредок на табелата и би завршиле на 5. позиција.
Екипата на Прилеп на свој терен ќе го пречека Голден Арт во натпревар без резултатско значење. Двете екипи веќе обезбедија опстанок во најквалитетното македонско натпреварување.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 БУЗАУ – ЧСМ БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
16:30 ВАЛЧЕА – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)
16:30 ТАРГУ – ДУНАРЕА БРАИЛА (РОМАНИЈА)
17:00 КИШВАРДА – АЛБА (УНГАРИЈА)
17:30 ГИОНГИОСИ – БУДАКАЛАШ (УНГАРИЈА)
18:00 ФЕРЕНЦВАРОШ – МТК (УНГАРИЈА)
18:00 ЧЕГЛЕДИ – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
18:00 ДАБАС – ТАТАБАЊА (УНГАРИЈА)
18:00 СЕГЕД – КОМЛОИ (УНГАРИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ОЛИМПИЈАКОС – АЕК (ГРЦИЈА)
20:00 СЕСОН – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ШАРТ – СЕЛЕСТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ИСТР – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)
20:00 НАНТ – НИЦА (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИВРИ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
21:15 ИБВ – ХАУКАР (ИСЛАНД)