Ракометарите на Аеродром во новата сезона ќе играат во Супер лигата, откако во последното коло од прволигашкиот плеј-оф славеа над Македонија ЃП со 39:23 (19:13) и го заверија пласманот во елитното друштво.
Избраниците на Дарко Петровски конечно ќе можат да играат со најквалитетните екипи во Македонија.
Ланската сезона им фалеше многу среќа, бидејќи во суперлигашкиот бараж, против Скопје, беа поразена на пенали.
Аеродром ја освои втората позиција во плеј-оф фазата, дојде до 41 бод, додека неговиот главен ривал Драчево, кој има и натпревар помалку, моментално на свое конто има 37 бода.
Драчево, ја освојува 3. позиција, која носи суперлигашки бараж, па така е можно во елитата да има уште еден тим од Првата лига.
Пласман во Супер лигата за следната сезона обезбеди и младиот тим на Мулти Есенс.