Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа денес ќе атакува на првата победа на Европското првенство, кое се одржува во португалскиот град Назаре.
Македонија за последен ривал од групната фаза ја има селекцијата на Португалија, која на претходнитее два натпревари успеа да запише еден триумф, против Украина.
Нашата репрезентација на дуелите против Холандија и Украина беше поразена со 2-0 во сетови.
На денешната програма ќе се играат мал број средби на ракометните терени, но затоа во сабота и недела ќе има голем број возбудливи натпревари ширум Европа.
Од македонските интернационалци активна ќе биде Сара Ристовска, која со ЦСКА Москва против Ростов Дон ќе го играат првиот дуел од финалната серија во шампионатот на Русија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ФРАНЦИЈА – ИТАЛИЈА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
13:00 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
13:00 ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
13:00 ХОЛАНДИЈА – УКРАИНА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
14:00 ХРВАТСКА – РОМАНИЈА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
14:00 НОРВЕШКА – СЛОВАЧКА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
14:00 ШПАНИЈА – ПОЛСКА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
14:00 УНГАРИЈА – ГРЦИЈА (РАКОМЕТ НА ПЛАЖА)
17:00 ТОЉАТИ – ЗВЕНОГОРОД (РУСИЈА)
17:30 ДИНАМО – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
17:45 ЦСКА – РОСТОВ ДОН (РУСИЈА)
18:00 СТАВРОПОЛ – АСТРАХАНОЧКА (РУСИЈА)
18:00 БЕКЕЧШАБА – ШИОФОК (УНГАРИЈА)
19:00 РАЈН НЕКАР – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
20:00 ТУЛУЗ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)
21:00 ЕЛЧЕ – МАЛАГА (ШПАНИЈА)