Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го доживеа вториот пораз на Европското првенство во португалскиот град Назаре.
Ракометарките на Златко Мојсоски на вториот дуел беа поразени од Холандија, која славеше со 2-0 во сетови со убедлив резултат.
Холандија првиот сет го доби со 28:12, а вториот со 15 разлика, 25:10.
Бојана Диневска имаше десет поени, додека Ана Марија Божиновска и Ива Божиноска имаа по четири.
За потсетување, репрезентацијата на Македонија на првиот дуел загуби од Украина, исто така со 2-0 во сетови.
Следен ривал на нашата репрезентација ќе биде домашната селекција.