Актуелниот член на босанскиот суперлигаш Извиѓач Љубишки, Иванo Павловиќ, кој е и најдобар стрелец во својот клуб, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Хрватска.
20-годишниот среден бек иако беше дел од младинската репрезентација на БиХ, се најде и на поширокиот список кај сениорите за Европското првенство 2022, ќе го промени националниот дрес, откако повеќе од една година нема добиено повик од стручниот штаб на босанската репрезентација.
Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, препозна дека во Павловиќ има голем репрезентативен потенцијал и го стави на списокот за репрезентативниот собир во Загреб, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 18 јуни оваа година.
На списокот има играчи кои некогаш биле дел од репрезентацијата, но не добивале голема шанса, како и играчи кои имаат голема шанса да го облечат сениорскиот дрес на ,,коцкестите”.
Перковац за собирот го повика и екс членот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ. Искусниот ракометар долги години немаше добиено репрезентативен повик.