За судиските одлуки на мечот Пролет – Бутел ќе мора да се изјасни и стручната комисија на РФМ, бидејќи тимот на Бутел вложи жалба за средбата што заврши 23-23. Судии на тој меч беа Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои пред една недела ја делеа правдата на финалето на Купот на Македонија.
Бутелци сметаат дека последните одлуки на судиите директно влијаеле на конечниот резултат, особено одлуката да биде исклучен Мирко Мајиќ, на три секунди до крај и да биде досуден пенал на спротивната страна за Пролет.
На три секунди до крај на судиите му „свиреа“ пробивање на Мирко Мајиќ. Тој беше меѓу двајца домашни ракометари, но судиите сметаа дека не ја оставил веднаш топката. За тоа доби црвен картон и Пролет доби шанса да шутира и пенал.
Имаше бурни реакции од клупата на Бутел за таквата одлука, но судиите не ја сменија својата одлука. За слични ситуации, за истите судии исто така се бунеше и Еурофарм Пелистер, и тоа на Купот, но и за ситуација на друг меч од домашното првенство.
Погледнете ги последните секунди од средбата меѓу Пролет и Бутел.