Ѓорче Петров e единствена женска екипа во ТОП 4 во сите категории!

Екипата на Ѓорче Петров, која ја одбрани шампионската титула во Супер лигата во женска конкуренција, е единствената екипа која што учествува(ше) на сите завршни турнири во помладите категории.

Покрај вложувањата кај сениорките, кои имаа одлична сезона, и направија солиден успех на европска сцена, клубот од Ѓорче Петров напорно работи во создавањето на нови потенцијални ракометарки и идни ракометни ѕвезди во Македонија.

Резултатите остварени во младинските натпреварувања доволно говорат дека Ѓорче Петров е еден од најдобрите тимови на женската македонска сцена. Најпрво пионерките обезбедија настап на Ф4 турнирот во својата конкуренција и завршија на 4. позиција.

На Ф4 се пласираа и кадетките и младинките, па така Ѓорче Петров останува единствен клуб со пласман меѓу најдобрите четири екипи во сите женски категории, почнувајќи од пионерки, па до сениорки.

Ѓорче Петров се покажа како одличен организатор на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција и раководството на клубот повторно ќе биде домаќин, овој пат на младинскиот Ф4, кој ќе стартува утре.