Ракометарките на Деспина во последното коло од плеј-аут фазата во Женската лига остварија победа на гостувањето во Скопје кај Спартак со 31:28 (12:16).
Гостинките од Прилеп уште од стартот беа во предност, но немаа голема комоција во играта и никако не можеа да се одлепат на поголема разлика.
Спартак во најголемиот дел заостануваше на еден до два негатива. Ракометарките на Мицевски во желбата да дојдат до изедначување правеа грешки, а дополнителен проблем во домашниот табор беше тенката клупа.
Во победничката екипа најмногу се исткана Ангела Камческа со 12 и Михаела Петреска со осум погодоци.
Кај Спартак одлична партија имаше Ангела Гроздановска, која дуелот го заврши со десет реализации.