Екипите на Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер, Голден Арт и Струга ќе играат на овогодинешниот Ф4 турнир во кадетската машка лига.
Еурофарм Пелистер за ривал во полуфиналето ја доби Струга, додека дебитантот Мулти Есенс ќе игра против Голден Арт.
Во ланската сезона на завршницата во кадетска конкуренција играа Бутел, Алкалоид, Пролет и Охрид, така што во оваа сезона ниту една од наведените четири екипи не успеа да стигне на Ф4 турнирот.
Во наредните денови треба да се знае организаторот на Ф4 турнирот, кој треба да се одигра на 20/21 мај.
Младите пелистерци сервираа одмазда – му нанесоа дебакл на Вардар и обезбедија Ф4