Капитенот на Тиквеш, Страхиња Симиќ, ќе остане во Кавадарци и во следните три сезони откако го продолжи договорот до 2026 година.
Српскиот плејмејкер, кој беше најдобар стрелец минатата сезона во Суперлигата, ја игра третата сезона во Тиквеш.
Тој дојде во Кавадарци во 2020 година и досега настапи на 79 натпревари на кои постигна 389 погодоци, а повеќе пати беше дел од идеалниот тим на колото и прогласуван за МВП на колото во изборот на 24Ракомет.
Тиквеш е на чекор до место во европските купови за следната сезона, а до крајот на првенството му остануваат уште два меча против Вардар в сабота од 20:00 часот во „Јасмин“ и гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер.