По Кристијан Давитковски и Димитар Ѓоргиевски, тимот на Бутел Скопје задржа уште едно име кое има значајна улога на теренот.
Станува збор за чуварот на мрежата Бојан Блажески, кој ја продолжи соработката за уште две сезони.
„Од самото постоење на клубот го носам дресот на Бутел. Оваа година ми беше доверена позначајна улога во екипата за разлика од претходните години и мислам дека ја оправдав. Меѓутоа одиме понатаму желен сум за подобар успех, подобра сезона од оваа и на индивидуално и клупско ниво“, вели Блажески.
За Бутел Скопје до крајот на оваа сезона остануваат уште две средби од суперлигашкиот плеј-оф, на гостински терен кај Пролет и на домашен терен против Охрид.