Астибо со гостинска победа ја заврши сезоната

Ракометарките на Астибо со победа ја завршија натпреварувачката сезона 2022/23, откако на гостувањето во Гевгелија против истоимената екипа триумфираа со 22:18.

Екипата од Штип на полувреме имаше негатива од 11:10, но во вториот дел со големата ангажираност успеа да стигне до победа, која нема никакво резултатско значење, бидејќи двете екипи играа во плеј-аут групата.

Астибо во победата над Гевгелија беше предводен од Марија Анчева. Искусната ракометарка постигна повеќе од половината погодоци за својата екипа, дури 12 пати се запиша во листата на стрелци.

Кај Гевгелија први стрелци беа Лилјана Димитрова со шест и поранешната репрезентативка на Македонија, Ленче Илкова, со пет погодоци.