Барселона лесно се справи со ГОГ во првиот четвртфинален дуел

Екипата на Барселона по победата над ГОГ од 37:30 (19:15) се наоѓа пред пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Каталонскиот гигант и актуелен бранител на титулата во Лигата на шампионите ја оправда улогата на фаворит во првиот четвртфинален дуел против данскиот шампион и на реванш дуелот, кој ќе го одигра на свој терен, ќе има залиха од седум гола.

Барселона беше предводена од екс ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ. Хрватот во мрежата на домаќините постигна девет погодоци.

Кај ГОГ одлична партија имаа Емил Мадсен со девет погодоци и Џери Толбринг со шест реализации.

Реваншот меѓу Барселона и ГОГ ќе се одигра на 18 мај, со почеток од 20:45 часот.

Дуелот меѓу Веспрем и Келце заврши нерешено, додека на вчерашната програма беа уште два четвртфинални натпревари.